Архива

AQUILA работилницата

(13-14.03.2012) Во Испра, Италија, се одржа AQUILA работилницата во организација на Здружениот истражувачки центар (JRC) и Европската агенција за животна средина (ЕЕА). На оваа работилница, како претставник од Република Македонија учествуваше Љупчо Гроздановски, национален експерт за калибрација на држаниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух. На AQUILA работилницата, учесниците се запознаа со ажурираната… Прочитај повеќе »

Подготвителна Обука за изработување на стратешки карти за бучава во животната средина

(20.02.2012) Во просториите на Министерството за животна средина и просторно планирање се одржа Подготвителна Обука за изработување на стратешки карти за бучава во животната средина. На обуката беа присутни претставници од Град Скопје, Општина Битола, Општина Куманово и Општина Тетово, општините кои сосласно Уредбата, имаат обврска да подготвуваат стратешки карти за бучава. Претставници од министерството… Прочитај повеќе »

Работен состанок за индикатори за животна средина и мониторинг

(30.10-02.11.2012 год.) Во организација на UNECE (Економска комисија за Европа на Обединетите нации) и UNSD (Секторот за статистика на Обединетите нации) во Женева, Швајцарија се одржа работен состанок за индикатори за животна средина и мониторинг. На овој работен состанок учествуваше Катерина Николовска, Национален рефернтен центар за соработка со ЕЕА, како претставник од Министерството за животна… Прочитај повеќе »