Конференција на земјите членки на Конвенцијата на Обединетите Нации за борба против опустинувањето (UNCCD)

2015-3Од 12 до 23 октомври 2015 година во Анкара, Турција, се одржаа Конференцијата на страните (COP 12) од Конвенцијата на Обединетите Нации за борба против опустинувањето (UNCCD), регионалните подготвителни состаноци на земјите од Анекс V (во кои припаѓа и Република Македонија), како и дванаесеттата сесија на Комитетот за наука и технологија (CST 12) и четиринаесеттата сесија на Комитетот за преглед на имплементација на Конвенцијата (CRIC 14) на кои присуствуваа Весна Индова, национално контакт лице за Конвенцијата на Република Македонија и м-р Маргарета Цветковска, заменик национално контакт лице за Конвенцијата.

Имено, на Конференцијата се воспостави и прифати универзална дефиниција за неутралност на деградација на земјиштето (Land Degradation Neutrality). Земјите потписнички на Конвенцијата се потикнаа да формулираат волонтерски цели во однос на неутралноста на деградација на почвата врз база на своите специфични национални околности и приоритети. Со цел да се мери прогресот и комуникацијата кон постигнувањето на погоренаведените цели се посочува земјите членки да ги користат UNCCD индикаторите за прогрес.

Секретаријатот на UNCCD се обврза на лидерска улога за постигнување на целите од стратегијата за одржливиот развој цел-15.3. Исто така секретаријатот и соодветните тела на UNCCD ќе обезбедат научна и техничка подршка на земјите членки, преку развој на упатство за формулирање и имплементација на неутралноста на деградација на земјиштето на национално ниво.

Договорено е воспоставување на интервладина работна група за идната стратешка рамка на Конвенцијата, која ќе ја процени имплементацијата на 10 годишната стратегија на Конвенцијата и ќе предложи продолжување, ревизија на постојната стратегија или подготовка на нова стратегија.

Буџет од 16.188.082 евра за период од 2016-2017 год. е одобрен и е нагласена потребата за ротациони средби во петте различни региони во рамките на UNCCD и алоцирање на финансиски средства за истите.

Се истакнаа соодветно регионалните и национални услови на поединечните замји, при што земјите членки може да ги користат препораките на UNCCD за постигнување на целите на неутралност на деградација на земјиштето во секоја земја.

Беше претставена Анкара иницијативата од страна на Владата на Турција со финансиска подршка од пет милиони евра за четири години.

Четиринаесетта сесија на Комитетот за преглед на имплементација на Конвенцијата

На четиринаесеттата сесија на Комитетот за преглед на имплементација на Конвенцијата (CRIC) се утврди дека 20% од земјите членки имаат изработено Национална акциона програма (НАП) во согласност со 10 годишната стратегија на Конвенцијата и затоа процесот на подготвување на НАП треба да продолжи. Утврдено е дека финансиите од GEF-6 ќе се користат за известување, вклучително и известување за напредокот и поставување на цели за неутралност на деградација на земјиштето. Земјите членки на Конвенцијата се охрабрија да ги постигнат операционите цели од стратегијата на конвенцијата.

Утврдено е дека ќе се известува за напредокот на три индикатори на прогресот и тоа   (трендот на покривка на земјиштето, трендот на продуктивноста на земјиштето и трендот со резервите на јаглерод во земјиштето) и тоа со податоци од национално ниво. Секретаријатот на конвенцијата ќе ги овозможи и ќе ги направи достапни националните проценки, како основни податоци за валидација, ќе припреми методолошки водич за користење на овие податоци и ќе го зголеми капацитетот на засегнатите земји за валидација, замена или отфрлање на погоренаведените основни податоци. Бирото на Комитетот за наука и технологија (CST)понатаму ќе ги хармонизира индикаторите и нивната примена со трите Рио конвенции. Следниот CRIC е предвиден да се оддржи не подоцна од март 2017.

Дванаесетта сесија на Комитетот за наука и технологија

На дванаесеттата сесија на Комитетот за наука и технологија (CST 12) е одлучено UNCCD научната конференција да се одвои од сесиите на комитетот за наука и технологија и ќе се оддржува во форма на научна конференција поврзани со UNCCD. Во иднина сесиите на CST ќе се организираат за да се олесни дијалогот помеѓу земјите членки на конвенцијата и интервладината група за научни политики (SPI). Преку WOCAT on line ќе се известува за технологиите за одржливо управување со земјиштето (SLM). Во период од 2016-2017 SPI ќе работи на изработка на прирачник за имплементација на неутралност на деградација на земјиштето на национално ниво, извештај за мерките на реставрација на деградираните земјишта, како и извештајот за опустинување, деградација на земјиштето и сушата за аадаптација кон климатските промени.

Регионалните подготвителни состаноци на земјите од Анекс V

Во текот на регионалните подготвителни состаноци на земјите од Анекс V, каде спаѓа и Република Македонија се дискутираше за напредокот во однос на инплементацијата на одредбите од Конвенцијата, програмата и буџетот за 2016-2017 год., известувањето кон UNCCD, региналниот акционен план и др.