Министерот Изаири и градоначалничката Арифи на координативна средба

sostanok1(14.08.2015 ) Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири и градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, одржаа состанок на координативното тело за проценка на штетите од поплавите предизвикани од обилните врнежи во Тетово и тетовско. Заедно со работната група, на состанокот присуствуваше и експертски тим од ЕУ составен од Рудолф Де Кром од Холандија, тим- лидер и експерт за поплави, Тина Петемел од Словенија и Патрик Гиндре од Франција, експерти за проценка на штети на инфраструктура Маркус Мекснер  од Германија и Мадер Тамаш од Унгарија, експертите за рано обновување на водоснабдителни и канализациони системи,  Јоаким Швејгел од Австрија, градежен инженер – експерт за урбанистичко планирање и спроведување на мерките за заштита и спасување  на локално ниво и Басанта Алфонсо од Шпанија.