Средба Меџити – Григоријан

(8.07.2024) Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планиарње Изет Меџити оствари средба со постојаниот претставник на УНДП Армен Григоријан со кого разговараа за бројни проекти од интерес на граѓаните.Sredba_Mexhiti_Grigorijan

Во фокусот на разговорите беше подобрување на инфраструктурата во областа Преспа, обновување на природните ресурси, раст на земјоделството и одржливиот туризам, а се допреа и теми како што се предизвиците на животната средина и аерозагадувањето.Sredba_Mexhiti_Grigorijan_1