Оџаклиеска: Посветени сме на спроведувањето на политиките на доброто владеење

Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска учествуваше на консултативниот настан „Заедно за унапредено владеење во областа на животната средина и климатските промени“, на кој се разговараше за состојбите поврзани со доброто владење при спроведување на политиките за заштита на животната средина и киматските промени.1-zamenik

Во своето воведно обраќање, заменик министерката укажа дека нашата држава е посветена на спроведувањето на политиките на доброто владеење и дека доброто владеење и поврзаните вредности во голем степен се веќе интергрирани во генеричките закони со кои се уредува работењето во јавниот сектор, но и во клучните закони поврзани со заштита на животната средина.

- Како предизвик останува потребата од континуирано подобрување на знаењата и вештините на вработените кои работат на проблематиката поврзана со заштита на животната средина во нашата институција но и во Единиците на локалната самоуправа, имајќи ја во предвид комплексната законска материја од оваа област – истакна Оџаклиеска, додавајќи дека во наредниот период фокусот ќе биде на можностите за целосна дигитализација на внатрешните процеси и поефикасна размена на податоци и информации со граѓаните.2-zamenik

Настанот го организира Институтот за добро владеење и политики за животна средина и климатски промени (ИПЕК), со седиште во Скопје, во рамки на проектот „Подобрување на доброто владеење во животната средина и климатските промени“, финансиски поддржан од страна на Европската Унија, а спроведуван преку Механизмот за граѓанска отпорност