ШУКОВА: Пречистителната станица во Кочани е успешна приказна за самодржливост на инфрструктурен проект и заштитата на животната средина

Министерката Шукова направи обиколка на пречистителната станица во Кочани, која е успешна приказна за добро и одржливо функционирање на инфраструктурен објект во кој се применуваат европските позитивни искуства и напредни технологии.Precistitelna stanica Kocani
Не само што се пречистуваат отпадните води од населеното место и се заштитуваат водите на Брегалничкиот речен слив, туку е обезбедена и самоодржливост на пречистителната станица, преку сопствено производство на електрична енергија со вотовалтаици и се врши преработка на милта во компост што во најскоро време ќе биде пакуван и достапен за земјоделците.Precistitelna stanica Kocani_1

Од пречистителната станица информираат дека во првите две години компостот ќе биде разменуван со земјоделците за слама, со што се решава уште еден важен сегмент за заштита на животната средина – палење на стрништата.