Се одржа завршна национална конференција на проектот за стимулирање на зелени вработувања

Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска, денес, во Битола учествуваше на завршната национална конференција која се одржа во рамки на проектот „Стимулирање на зелени вработувања: прекугранични образовни и технолошки иновации Hot – Spots / G.EM.S.“

Заменик министерката во своето обраќање истакна дека ние, како држава, во сите стратешки и плански документи ги таргетираме зелените работни места.

1- zamenik_zeleni rabotni mesta- Зелените работни места се реалност и иднина, придонесуваат за социјална еднаквост и зачувување, обновување и унапредување на животната средина. Во тој контекст, младите, како главни носители на борбата против климатските промени, треба да добијат правилна насока за одбирање на соодветно образование и работно место. Тие мора да се едуцирани, но и обучени да работат на вистинските позиции во кои економскиот развој ќе се одвива напоредно со заштитата на животната средина. Во исто време, треба да обезбедиме и доквалификација на постоечкиот кадар за да одговориме на предизвикот и да ги искористиме можностите, а во исто време да обезбедиме праведна енергетска транзиција во која нема да оставиме никој зад себе – рече Оџаклиеска.

2-zamenik_zeleni rabotni mestaПроектот е финансиран од страна на ЕУ ИНТЕРРЕГ ИПА програмата за прекугранична соработка, Република Грција – Република Северна Македонија 2014 – 2020 г. а го спроведуваат: „Бизнис академија Смилевски“ – БAС, Регионалната комора со седиште во Битола од македонска страна, „Универзитетот на Западна Македонија“ и Центарот за истражување и технологија „Хелас“ од Грција.