Продолжува соработката на МЖСПП со ЕБРД во насока на позитивно влијание врз домашната економија

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова оствари средба со новиот директор на канцеларијата на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД),  Фатих Туркменоглу.

На средбата, министерката му посака топло добредојде на Туркменоглу во нашата држава, и изрази задоволство од досегашната успешна соработка и за искажаната  поддршка што ЕБРД и ја дава на Владата на РСМ, во насока на позитивно влијание врз домашната економија и подобрување на животот на граѓаните.

Sukova_ЕБРДСе разговараше и за тековните активности на Регионалниот проект за цврст отпад, што започна да се спроведува оваа година, и во чии рамки ќе се воспостават и развијат регионални системи за управување со отпадот во петте плански региони во нашата држава.

Соговорниците дискутираа и за новите можности за користење на одржливи обврзници (Sustainable bonds) и зелени обврзници (green bonds) кои даваат понатамошни можности за користење на финансиски ресурси во функција на унапредување на одржливи проекти од аспект  на животната средина, енеригија и енергетска ефикасност.