Одбележани 30 годишнината од стандардизацијата во Република Северна Македонија и 20 години од основањето на Институтот за стандардизација

Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска денеска присуствувaше на 21-та седница на Собранието на Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија.

1 -zamenik_StandardizacijaВо поздравното обраќање, Оџаклиеска ја истакна добрата соработка меѓу двете институции, особено во стандардизација на методите за анализа на отпадни и површински води, почва, бучава што ги применува Централната лабораторијата за животна средина.

- Министерството за животна средина и просторно плaнирање останува отворено за соработка и подготвени сме да го дадеме нашиот придонес во унапредувањето на оваа област и усвојување на стандардите кои се неоходни за нашата работа и кои ќе придонесат кон подобрување на состојбата со заштита на животната средина – истакна заменик министерката.

2_ zamenik_StandardizacijaНа оваа седница, воедно, беа одбележани 30 годишнината од стандардизацијата во Република Северна Македонија и 20 години од основањето на Институтот за стандардизација.