Постигнувањето на глобалната цел од Договорот од Париз, предизвик и можност за понискојаглероден раст и развој и на Република Северна Македонија

Во пресрет на претојната 28та Конфернција на страните на Рамковната Конвенција на ООН за климатски промени, која ќе се одржи во Дубаи во декември 2023 година, денес се одржа состанок со постојаната координаторка на ООН за Република Северна Македонија, Росана Дуџак.Sredba_Shukova_Dudzak

На средбата министерката Шукова информираше за активностите и очекувањата од претстојната Конференција, упатувајќи благодарност до ООН за сите поддржувачки активности во спроведувањето на обврските кон Конвенцијата и останатите пошироки активности кои се спроведуваат во партнерство со ООН, а се во насока на поддршка на целите на Конвенцијата во делот на управувањето со водните ресурси, земјоделието, биолошката разновидност и намалувањето на опустинувањето.

Заеднички се оцени досегашната соработка како многу успешна и се изрази подготвеност од двете страни истата да продолжи и унапреди во областите од заеднички интерес, како што е одржливото управување со Охридскиот крајбрежен регион.