СООПШТЕНИЕ за полагање за испитот за чувар во заштитено подрачје за ЗП Осоговски планини

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека стручниот испит за чувар во заштитено подрачје за ЗП Малешево и ЗП Осоговски Планини (прв, теоретски дел и втор, практичен дел), во октомвриската сесија ќе се спроведе на ден 27.10.2023 година.

Првиот (теоретски) дел од испитот се закажува на 27.10.2023 година (петок) со почеток од 10.00 – 11.00 часот во просториите на Министерството за животна средина и просторно планирање (седми кат).

Вториот (практичен) дел од испитот се закажува на 27.10.2023 година (петок) од 12.00 – 13.00 часот во просториите на Министерството за животна средина и просторно планирање (седми кат).

Сите потребни информации во врска со испитните прашања предвидени за полагањето на стручниот испит за чувар во заштитено подрачје може да ги најдете на веб страната на МЖСПП.