Оџаклиеска: Просторното планирање е визија за развој на нашата држава

Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска денес имаше воведно обраќање на настанот за Националната развојна стратегија на тема просторно планирање и територијален развој со претставници од Шкотската Влада кои ги пренесоа своите искуства и добри практики во оваа област.

1Оџаклиеска истакна дека просторното планирање е клучен инструмент за воспоставување на долгорочни, одржливи рамки за социјален, територијален и економски развој како во национална рамка, но и помеѓу земјите, имајќи ги во предвид потенцијалот за развој на регионите и секако заштитата на животната средина. Просторниот план е политичко-административен документ во кој е презентирана визијата за уредување  на просторот во временски утврдена рамка, со кој се олеснува вертикалната интеграција на политиките за уредување на просторот во системот на управување преку анализа на просторните потенцијали на одредена територија.

2

Според неа, интеграцијата на националните, регионалните и локалните стратегии е со цел да ги усогласи интересите и целите на различните нивоа на власт, а во насока на избор на најсоодветни плански решенија на остварување на целокупната визија за просторен развој на државата.

3

Изрази благодарност до Британската амбасада, експертите од Шкотска и до Министерство за финансии  од Словенија,  УНДП, и УН за  досегашната соработкa и подршка во промоцијата на значењето на просторното планирање и заштита на животната средина, во очекување дека истата ќе  се продлабочи  во иднина.

4