ШУКОВА: Зелената Агенда за Западен Балкан е сериозна алатка и како држава се стремиме кон исполнување на нејзините цели

Министеркaта за животна средина и просторно планирање Каја Шукова учествуваше на конференцијата „Oдржливи енергетски вештини во градежништво: видливи, валидирани, вредни“, во посебната сесија за националните и европските политики на тема „Европско и национално заканодавство поврзано со Зелениот договор“.Konferencija_Sukova

„Животната средина не познава административни граници. Сите заедно мораме да работиме ако сакаме да имаме здрава животна средина. Ова денеска покажува дека државата треба како свои партнери и понатаму да ги препознава научниот сектор и особено стопанството, како дел од процесот на имплементација на законите од оваа област“ истакна Шукова во своето обраќање. Таа напомена дека покрај тоа што државата и локалната самоуправа имаат свои обврски, исто така, и стопанството е носител на голем дел од обврските преку имплементација на законите што се дeтерминирани од она што го утврдуваат Директивите на Европската Унија.Konferencija_Sukova_1

Таа нагласи дека Зелената Агенда за Западен Балкан е сериозна алатка и како држава се стремиме кон исполнување на незините 5-главни столба: Декарбонизација: климатска акција, зелена енергија и одржлив транспорт, Циркуларна економија, Борба против загадувањето, Одржливо производство на храна и одржливи рурални средини и Биодиверзитет: Заштита и реставрација на природата и екосистемите.

Посебен осврт даде на важноста на декарбонизацијатаи за Европа и за нас како држава која денес е географски дел од Европа, а утре и административно дел од Европската Унија. При тоа најави дека се работи на Законот за климатска акција, што е во процес пред внесување во Собранието на Република Северна Македонија, и се очекува во скоро време да биде донесен, а се изработува во тесно партнерство со приватниот сектор кој на денешната конференција во своите изјави покажа дека е подготвен за обврските што произлегуваат од него.Konferencija_Sukova_2

Ја спомена и циркуларната економија како важна алатка што ќе помогне како држава да ги намалиме количините на отпад коишто ги депонираме.

„Зелената Агенда е многу битна за Западниот Балкан, многу битна за Република Северна Македонија, заедно со научниот сектор и стопанството продолжуваме кон нејзина имплементација“ истакна Шукова.Konferencija_Sukova_3

Конференцијата е организирана како дел од европската програма за истражување и инивации „ Хоризонт 2020“ на тема „ Стимулирање побарувачка за одржливи енергетски вештини во градежниот сектор, а во рамки на повикот „Градње иднина со ниско ниво на јаглерод и климатска отпорност“ .