Состанок за Законот за инспекциски надзор во животната средина

  Со цел подобра координација и продлабочување на соработката во однос на спроведување на Законот за инспекциски надзор во животната средина, заменик министерката Христина Оџаклиеска и директорот на Државниот инспекторат за животна средина, Сретен Стојковски денеска одржаа работен состанок со: градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески и претставници од општините Струмица, Радовиш и општина Аеродром.

1Се разговараше за работењето на Комисијата за надзор над општините и општините во градот Скопје во однос на спроведување на законите од животната средина и за подготовката на извештаите по спроведените надзори за 2023 година. Претставниците од општините, на состанокот, имаа можност да ги изложат проблемите и предизвиците од оваа област со кои се соочуваат во нивната општина, а целта беше изнаоѓање на соодветно решение усогласено од страна на сите инволвирани субјекти.

Оџаклиеска беше со став дека Министерството за животна средина и просторно плaнирање останува отворено за поддршка и соработка со општините во насока на спроведување на Законот за инспекциски надзор во животната средина (изработен согласно барањата кои произлегуваат од правото на ЕУ во однос на инспекцискиот надзор во животната средина) и унапредување на инспекторирањето, за поефикасна заштита на животната средина во нашата земја.