Реупотреба на отпадот: Средношколците од техничкото средно училиште во Гостивар бесплатно ќе поправаат стари и расипани предмети и апарати

Мултифункционална работилница „Прогрес“, каде ќе се поправаат стари и расипани предмети и апарати кои ќе се оспособуваат за повторно користење, со што ќе се редуцира и рециклира отпадот, денеска беше свечено отворена во Општинското средно техничко училиште „Гостивар“.

1Ова е добар пример како европските добри пракси се мултиплицираат и во нашата држава, а ќе помогнат во развивање на практичните занаетчиски вештини и социјализација на учениците, развивање на свеста за заштита на животната средина и односот кон отпадот кој што е една од најгорливите еколошки теми на државата, а воедно ќе придонесат и за подобрување на општата социјална состојба на граѓаните бидејќи услугите ќе бидат бесплатни.

2Мултифункционалната работилница е резултат на проект на Локалниот клуб на СДММ Гостивар, во соработка и со поддршка на фондацијата Фридрих Еберт и општина Гостивар.

345