Со отворената трибина на тема: „ЕУ за македонската економија” започна владината кампања „Ние сме Европа“

Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Христина Оџаклиеска присуствуваше на првата отворена трибина во рамки на кампањата „Ние сме Европа, на тема: „ЕУ за македонската економија” што е дел од информативниот караван на настани под мотото „Саем на европски вредности“.

1„Со членството во ЕУ, Северна Македонија станува дел од трговската суперсила, ЕУ има единствен пазар од 500 милиони луѓе, што обезбедува континуиран раст на целиот сојуз, нешто што секоја земја членка поединечно нема никогаш да може да го постигне и бруто домашниот производ на ЕУ во целина е поголем за девет проценти токму како резултат на целосната интеграција на пазарот, а преведено во реални пари за граѓаните значи приближно 850 евра дополнителен годишен приход по глава на жител“ истакна премиерот Ковачевски.

30082023_pvrsm_niesmeevropa_5Вицепремиерот Маричиќ на трибината „ЕУ за македонската економија“, направи споредба на економиите на државите пред нивното пристапување во ЕУ и откако станале држави членки посочувајќе дека за 15 години преку ИПА проектите имаме искористено само 1 милијарда евра, додека кога ќе станеме членка, од структурните и кохезионите фондови ќе користиме 1 милијарда годишно и го дадсе примерот на Хрватска окоја откако е членка, за 10 години има искористено 25 милијарди евра.

viber_image_2023-08-30_20-43-32-691Граѓаните заслужуваат да бидат информирани за можностите и придобивките од преговорите кои ги нуди членството во ЕУ и за нашата држава и за самите граѓани, преку обезбедување на економскиот раст со заштитена и зачувана животна средина.