Информација за Студија за оцена на влијание врз животната средина за проектот – Воспоставување на интегриран и финансиски самоодржлив систем за управување со отпад во Источен и Североисточен регион, за потребите на инвеститорот Министерство за животна средина и просторно планирање

Министерството за животна средина и просторно планирање согласно член 90 став 1 точка 3 од Законот за животна средина (Службен весник на Република Македонија бр. 53/2005, 81/2005, 24/2007, 159/2008, 83/2009, 48/2010, 124/2010, 51/2011, 123/2012, 93/2013,187/2013, 42/2014, 44/2015, 129/2015,192/2015, 39/2016, 99/2018 и Службен весник на Република Северна Македонија бр. 89/2022 и 171/2022)ја известува заинтересираната јавност дека Секторот за Европска Унија при Министерството за животна средина и просторно планирање, со Плоштад “Пресвета Богородица“ бр.3, Скопје, ја достави Студијата за оцена на влијание врз животната средина за проектот – Воспоставување на интегриран и финансиски самоодржлив систем за управување со отпад во Источен и Североисточен регион.

Студијата е достапна за увид на веб страната на Министерството за животна средина и просторно планирање www.moepp.gov.mk и  во просториите на Општина Свети Николе.

Јавната расправа по Студијата за оцена на влијание врз животната средина за проектот – Воспоставување на интегриран и финансиски самоодржлив систем за управување со отпад во Источен и Североисточен регион ќе се одржи на ден 29.08.2023 година (вторник) во просториите на Меѓународен Славјански универзитет со адреса ул. “Маршал Тито“ бр. 77, Свети Николе, со почеток во 11 часот.