Шукова: Учество на 7-то Собрание на Глобалниот фонд за животна средина

Министерката Шукова учествува на 7-то Собрание на Глобалниот фонд за животна средина, што се одржува од 22-26 август во Ванкувер, Канада, каде ќе се сретнат одговорните за животната средина од 185 држави во светот со цел да направат пресек и да трасираат идни насоки за алоцирање на глобалните финансиски средства за справување со глобалните предизвици поврзани со загубите на биодиверзитетот, токсичните хемикалии, климатските промени и праведната застапеност во акциите на глобално и национално ниво.GEF_Minister

Како резултат, ќе се објави рамката на Глобалниот фонд за биодиверзитетот, како нова алатка за финансирање на заштитени видови и екосистемите.

На Собранието учествуваат министри од повеќе од 50 држави во светот, претставници на меѓународните агенции и управители на светски корпорации, каде на повеќе тематски работни маси, заедно со претставниците на младите и маргинализираните групи и цивилните организации ќе дадат преглед на сработеното и ќе ги дефинираат потребните акции на глобално ниво во насока на реализирање на целите за 2030 година во горенаведените подрачја.GEF_Kaja Sukova

Министерката Шукова ќе се обрати на официјалното отварање на Собранието, ќе земе учество на пленарните сесии за решенија за здрава Планета преку интегрирана меѓународна акција и на округлата маса за тоа како кохерентните политики меѓу секторите можат да ја намалат финансиската разлика во секторите природа и клима.

Исто така, министерката Шукова ќе учестува на дополнителните настани организирани од меѓународните имплементирачки организации на Глобалниот Фонд за животна средина со кои имаме соработка во споменатите области.