Поставени пловни бариери за отпад на реките Сатеска и Даљан во рамки на платформата „Наша гордост. Наша одговорност“ на Пивара Скопје

Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска денеска се обрати на прес конференцијата која се одржа во Охрид по повод поставување на пловни препреки на реките Сатеска и Даљан за заштита на Охридското Езеро од отпад. Поставувањето на препреките се реализираше во рамки на долгорочната платформа за општествена одговорност „Наша гордост. Наша одговорност.“ на „Пивара Скопје“ и на брендот Скопско, во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање и компанијата „Пакомак”. Главна цел на платформата е заштита на животната средина, со фокус на чистењето на националните обележја од отпад и заштита од загадување.

2Заменик министерката Оџаклиеска во своето обраќање се осврна на партнерскиот однос на Министерството за животна средина со севкупната бизнис заедница во земјава заради спроведување на зелената агенда и реализирање на  заеднички  иницијативи за заштита на животната средина.

- Од огромна важност е соработката на институциите и компаниите во напорите за развивање на одржливо управување со отпад преку селекција, собирање и рециклирање на отпадот. Преку воспоставување на солиден дијалог локалната власт, централната власт, бизнис заедницата, медиумите па и сите останати граѓани можеме да придонесеме за заштита на Охридското езеро но и солидно управување со отпадот. Обединети, преку силни партнерства, можеме да обезбедиме одржлива иднина. Пивара Скопје е пример за општествено одговорна компанија со реални проекти кои прават видливи промени. – рече Оџаклиеска.

1Средствата за реализирање на оваа активност се добиени од иницијативата за издвојување 1 денар од секое продадено стаклено шише со посебна етикета од 0.5л Скопско и Скопско Smooth. Пловните препреки на Сатеска и Даљан, што ги поставија стручните тимови на Пакомак, ќе функционираат како физичка бариера која ќе спречи пловниот и отпад од пакување да заврши во водите на Охридското Езеро. Двете реки се идентивикувани како едни од поголемите загадувачи на езерото со пловен и отпад од пакување.

На прес конференцијата говореа и градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески, оперативниот директор на Пакомак, Ико Брдаровски, и генералниот директор на Пивара Скопје, Душан Митрев.