Средба Оџаклиеска – Танасковиќ: Со воведување на современ пристап во земјоделието и примена на мислењето на научната фела, до поуспешна адаптација кон климатските промени

Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска, денеска оствари работна средба со проф. д-р  Вјекослав Танасковиќ, декан на Факултетот за земјоделски науки и храна при УКИМ.

На средбата се разговараше за продлабочување на соработката помеѓу Министерството за животна средина и просторно плaнирање и Факултетотот за земјоделски науки и храна, за преимената на одржливи практики во земјоделството и негова поуспешна адаптација на климатските промени.

viber_image_2023-05-15_11-00-55-898Заменик министерката Оџаклиеска притоа ја нагласи потребата од креирање и примена на зелени политики, употреба и воведување на нов современ пристап во земјоделието и интензивна соработка со научната фела, за  градење на долгорочен и одржлив земјоделски развој и обновување на природните еко-системи.

На средбата, соговорниците се согласија дека од голема важност e институционалната поддршка за одржливите практики во РС Македонија во функција на поттикнување и градење на одржливо и попродуктивно земјоделство, современ пристап кон производството на храна и отпорност кон климатските промени.