При денешната средба на министерката за животна средина просторно планирање Каја Шукова со градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари се разговараше на повеќе теми меѓу кои и за предизвиците со кои се соочува општината во заштитата на животната средина. Акцентот беше на функционирањето на Регионалниот систем за управување со отпад во Полог.
![МЖСПП е отворено за поддршка на општините во надминување на предизвиците во управувањето со отпадот](https://www.moepp.gov.mk/wp-content/uploads/2023/05/МЖСПП-е-отворено-за-поддршка-на-општините-во-надминување-на-предизвиците-во-управувањето-со-отпадот.jpg)