Интерактивна работилница по повод Светскиот ден на водата

Претставници на Министерството за животна средина и просторно планирање во рамките на оддбележувањето на  22 март, Светскиот ден на водата, ја посетија градинката Буба Мара, објект Сонце, каде што одржаа едукативна работилница за  значењето на водата, нејзината употреба и зошто водата треба да се штеди. Најмладите слушнаа интересни факти за водата, како природен ресурс без кој животот е невозможен, за важноста на заштитата на водените ресурси во природата и го проследија краткиот анимиран филм за тоа како можат да се грижат и да ги заштитуваат природните богатства.

Интерактивна работилница по повод Светскиот ден на водатаПреку интерактивно предавање и практични експерименти најмалите се запознаа со карактеристиките и својствата на водата, реакциите на водата во допир со различни материи и дискутираа за значењето на чистата вода во заштитата на здравјето.

11