Со работилницата „Мотивирај промена“ одбележан светскиот ден на водата

Во организација на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, денес се одржа работилница насловена „Мотивирај промена“, по повод одбележување на 22 март, Светскиот ден на водата. Работилницата ја отвори министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, која истакна дека Министерството континуирано ги поддржува младите како важен партнер во создавањето на националните политики за животна средина и климата и останува отворено за комуникација, креирајќи можности за натамошното развивање на соработката со македонската младина.Rabotilnica za vodi

Теми на работилницата беа водата и водни ресурси и здравјето во чаша вода. Работилницата е во согласност со програмата на OOH (UN Water) за 2023 година.

На работилницата присуствуваа студенти од Технолошко-металуршкиот факултет, како и ученици од повеќе основни и средни училишта.