Одржана протоколарна средба со шведската амбасадорка Ами Ларсон

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова оствари поздравна средба со шведската амбасадорка Ами Ларсон Џеин. На средбата, од двете страни беше искажано задоволство од досегашаната соработка и се реафирмираа заложбите и посветеноста кон градење на партнерски однос и заедничко делување во заштитата на животната средина. 

Одржана протоколарна средба со шведската амбасадорка Ами Ларсон

Амбасадорката Ларсон ја даде осврт на седумгодишната Стратегија за соработка меѓу Шведска со Западен Балкан и Турција за реформи  и активностите насочени кон животна средина, при што посебно беа акцентирани активности за квалитет на амбиенталниот воздух, заштита на природата и управување со отпадот. 

 Министерката Шукова изрази благодарност за досегашната поддршка што како држава ја добиваме од Шведската Влада и подготвеноста за продлабочување на истата во областа животна средина и клима.