Промовирани теренски возила и лична опрема за управувачот на ЗП Осоговски Планини и ЗП Малешево

Државниот секретар во министерството за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, денеска присуствуваше на настанот на кој беа промовирани теренските возила и личната опрема кои му беа доделени на управувачот со Заштитениот предел (ЗП) – Осоговски Планини и ЗП Малешево, ЈП “Национални шуми”. 

Промовирани теренски возила и лична опрема за управувачот на ЗП Осоговски Планини

Осоговските планини во 2020 година беа прогласени за заштитено подрачје во категорија V – заштитен предел, заради разновидноста и богатството на биодиверзитетот, геодиверзитетот, хидролошките карактеристики, пејзажните, пределните и други вредности, како и специфичната интеракција на луѓето и природата.

Државниот секретар Шукова истакна дека прогласувањето на Осоговските Планини за заштитен предел, веќе покажува резултати и игра важна улога во одржување и зачувување на природните вредности на Осоговските Планини.

IMG_20221007_184756

Процесот за прогласување на Осоговските Планини за заштитено подрачје се водеше во рамки на Програмата за зачувување на природата (ПЗП), проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а беше координиран од „Фармахем“ од Скопје. Локалната експертиза во процесот е на Македонското Еколошко Друштво, МЖСПП и целните општини Берово и Пехчево.

IMG_20221007_184718

На денешниот настан беше презентиран и процесот за воспоставување на телото за управување со ЗП Осоговските Планини.