Координативна средба со градоначалниците од Полошкиот плански регион

Координативна средба со градоначалниците  од Полошкиот плански регионДенеска,  министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини  одржа координативен состанок со градоначалниците на општините  од Полошкиот плански регион.

Според него, планирањето на просторот е планирање на иднината, суштинска карактеристика на цивилизираното општество и одраз на највисока мудрост. Во тој правец, најзначајна улога има просторното планирање реализирано преку Националниот просторен план, како највисок стратешки, плански документ.

- Наша задача е да креираме модерен Просторен план, кој ќе одговара на современите услови и потреби и кој ќе претставува визија за тоа како долгорочно ја замислуваме иднината на нашата држава. Во процесот на изработка на новиот Просторен план ги вклучивме осумте плански, развојни региони во државата, кои ни обезбедуваат линк со сите единици на локалната самоуправа – истакна министерот Нуредини.

Секој од одделните плански региони се карактеризира со посебни потенцијали и вредности.

- Прогласувањето на Националниот парк Шар Планина, како еден од четирите национални парковик во државата, го потенцира значењето на Полошкиот Регион и специфичностите кои тој ги поседува.  Правилното управување со овие ресурси, како и фактот дека Полошкиот регион е еден од најгусто населените во Државата, го нагласува значењето на планското донесување на одлуките за решавање на тековните проблеми, задоволување на потребите и идните активности – додаде министерот.