Заменик министерката Оџаклиеска на Конвенцијата за заштита и употреба на прекугранични водотеци и меѓународни езера

Заменик министерката Оџаклиеска на Конвенцијата за заштита и употреба на прекугранЗаменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска, имаше воведно обраќање на деветта сесија од Состанокот на потписниците на Конвенцијата за заштита и употреба на прекугранични водотеци и меѓународни езера (Конвенција за вода) кој (со виртуелна поддршка) од 29 септември до 1 октомври се одржува во Женева. Настанот е во организација на Економската  комисија на ОН за Европа (UNECE) во соработка со владата на Република Естонија.

Истакнувајќи го значењето на прекуграничната соработка за успешно зачувување и одржливо користење на резервите на вода, во време кога климатските сценарија предвидуваат посуви и потопли периоди во наредните години,  заменик министерката Оџаклиеска истакна:

- Конвенцијата претставува одлична можност за проширување и продлабочување на соработката со нашите соседи и е инструмент за заштита на прекуграничните води преку спречување, контрола и намалување на загадувањето, но исто така обезбедува основа за одржливо и правилно користење на прекуграничните води. Соработката се фокусира на размена на информации, учество во заеднички проекти и усогласеност со меѓународните барања и норми, особено кога станува збор за меѓународните води.

Според Оџаклиеска, нашата држава веќе превзема важни активности за заштита на водните ресурси, во кои се вклучени меѓународните фактори.

- Врз основа на билатерални договори, формирани се Заеднички комитети и експертски работни групи за Охридското и Преспанското езеро кои ги координираат прекуграничните активности што имаат влијание врз соседните земји. Дополнително,  неодамна се одржа и инаугуративната средба на тројцата министри за животна средина на Грција, Албанија, Северна Македонија и претставникот на високо ниво на Европската комисија за имплементација на „Договорот за заштита и одржлив развој на Преспа Парк Површина“. Значењето на прекуграничната соработка е исто така јасно препознаена во Агендата за 2030 година и нејзината цел Цел за одржлив развој (ЦОР), која бара од земјите да спроведат Интегрирано управување со водните ресурси на сите нивоа, вклучително и преку прекугранична соработка за вода. Република Северна Македонија, исто така, е посветена во постигнувањето на ЦОР за вода и санитација (ЦОР 6) и други цели поврзани со водата од Агендата за одржлив развој 2030 година – истакна Оџаклиеска, додавајќи дека развивањето на прекуграничното управување со водите претставува катализатор за економски развој, регионална интеграција, соработка и мир.