Промовиран електронскиот систем за рамномерен регионален развој

Elektronskisistem_zaregionalenrazvoj_1Државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање Каја Шукова учествуваше на завршниот промотивен настан на “Системот за рамномерен регионален развој“што се изработи во рамките на проектот “Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој” – I фаза што денес се одржа во Клубот на пратениците во Скопје. На настанот, во живо, беше претставена функционалноста и можностите на електронскиот систем за координација во планирање, спроведување, мониторинг и евалуација на политиката за рамномерен регионален развој „СиРеРа“.

Проектот го спроведува Кабинетот на Заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања и координација на економски ресори и Амбасадата на Швајцарија во Република Северна Македонија преку Швајцарската агенција за соработка и развој, а во континуитет е поддржан од Министерствот за животна средина и просторно плaнирање и Министерството за локална самоуправа.

На средбата свои обраќања имаа вицепремиерот Фатмир Битиќи, министерот за локална самоуправа Горан Милевски и амбасадорката на Швајцарија во нашата држава, Н.Е. Сибил Сутер Техада.