Што поитно прогласување на Водно за заштитено подрачје

Screenshot_23Јавната расправа по Нацрт на Одлуката за прогласување на дел од Водно за заштитено подрачје во категорија V – Заштитен предел, што е организирана и одржана онлајн од страна на МЖСПП во соработка со Град Скопје, предизвика голем интерес. Во присуство на преку 100 учесници се разви широка дискусија меѓу стручната јавност, присутните претставници на институциите и граѓанските здруженија во однос на начинот на која треба да се заштити Водно и се обезбеди транспарентен процес на вклучување на јавноста во изработката на актот за прогласување. Процесот на доставување на коментари, забелешки и сугестии ќе биде отворен до 13 февруари и истите се добродојдени, со цел да се изнајде најдобро решение за заштита на дел од Водно како подрачје со повеќекратно значење за градот Скопје и пошироката околина.

Прогласувањето на дел од планината Водно претставува обврска од националната легислатива за заштита на природа и тоа од: Закон за заштита на природатa, Просторниот план на државата и Националните старатегии за биолошка разновидност и за заштита на приодата со акциони планови и Одлуката на Владата за прифатливоста на предлогот за прогласување на дел од планината Водно за заштитено подрачје.

Согласно законот за заштита на природата, МЖСПП изготви Нацрт на Одлука за прогласување на дел од Водно за заштитено подрачје во категорија V-заштитен предел. Иницијативата за прогласување на Водно за заштитено подрачје е покрената од страна на Град Скопје, кој до МЖСПП достави Предлог за прогласување на Водно за заштитено подрачје во категоријата Заштитен предел заедно со Студија за валоризација на заштитеното подрачје парк-шума Водно. Основен документ за изработка на Нацрт-Одлуката е Студијата, изработена од експертски тим и истата е прифатена од Град Скопје.

Воедно иницијативата за прогласување на дел од Водно е прифатена од страна на Владата на РСМ, која ја усвои Одлуката за прифатливоста на предлогот за прогласување на дел од планината Водно за заштитено подрачје

Screenshot_4Како обврска од Законот за заштита на природата, МЖСПП треба да изврши ревалоризација на сите заштитени подрачја и да се изготви нови акти за прогласување. Нацрт-Одлуката за прогласување на дел од планината Водно за заштитено подрачје во категорија V-заштитен предел е изработена во согласност со Законот за заштита на природата и не постои друг правен акт на националнио ниво за прогласување на заштитени подрачја, а тоа се однесува и за Водно.

Градот Скопје, МЖСПП вклучително и Владата на РСМ ја искажуваат потребата од што поитно прогласување на дел од Водно за заштитено подрачје.

Сите пристигнати коментари и забелешки по однос на Нацрт-Одлуката за Водно ќе бидат разгледани од аспект на надлежноста на МЖСПП и Градот Скопје во соработка со експертскиот тим кој изготвил Студијата за валоризација на заштитеното подрачје парк-шума Водно. МЖСПП ќе изготви Извештај од јавната расправа и ќе го достави до Владата на Република Северна Македонија заедно со Предлог-Одлуката .