НУРЕДИНИ: Можеме да постигнеме многу со заедничко работење на проекти за управување со заедничките ресурси на животната средина

Nuredini_6Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини присуствуваше и се обрати на промотивниот настан што по повод  регистрирањето на албанскиот дел од Охридското Езеро како природно и културно светското наследство на УНЕСКО, се одржа вчера попладнe во Поградец, Албанија.

- Mногу сум среќен што во 1979 год, УНЕСКО ја призна важноста на Охридското Езеро, и оттогаш ни помaга да го заштитиме, а она што ме прави особено задоволен е што сега, во 2019 година, ја споделуваме оваа чест со нашите соседи во Албанија. Само со заедничко работење, можеме да обезбедиме оваа посебна област да ја добие заштитата и вниманието што го заслужува – истакна министерот Нуредини.

Убеден дека можеме да постигнеме многу со заедничко работење на вакви проекти за управување со заеднички ресурси на животната средина, Нуредини нагласи дека со таа соработка стануваме поблиски и како соседи согледувајќи ги нашите сличности и  величината на придобивките од работењето во партнерство.

При тоа Нуредини ја искористи можноста јавно да им се заблагодари на сите донатори кои помогнаа во заштитата на ова заедничко природно богатство меѓу кои ги спомена Европската унија, Глобалниот фонд за животна средина, Програмата за животна средина на ООН, KWF Банка, Германскиот фонд за техничка соработка, Фонд за природа на Охрид и Преспа и Меѓународната унија за зачувување на природата, како и сите други донатори присутни во овој регион.

Настанот беше организиран од Министерството за туризам и животна средина и Министерството за култура на Република Албанија.