Остварена средба меѓу Нуредини и Шилегов

nuredini_silegovМинистерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини оствари прва работна средба со градоначалникот на Скопје Петре Шилегов. На средбата, тие разменија мислење за актуелните состојби во животната  средина во главниот град во државава, но и за предизвиците со кои треба да се соочат во претстојниот период во реализација на зацртаните политики и мерки со кои ќе се унапредува животната средина и ќе се подобрува квалитетот на животот на граѓаните на Скопје и на целата држава. Со оглед дека Шилегов е и претседател на ЗЕЛС (Заедница на Единиците на Локалната Самоуправа) на Република Северна Македонија, на средбата се зборуваше и за развивање и унапредување на соработката меѓу централната власт и локалните самоуправи во ресорот животна средина.