Yearly Archives: 2023

Јапонија е заинтересирана за споделување искуства и инвестирање во напредни технологии за заштита на животната средина

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова оствари прва протоколарна средба со амбасадорот на Јапонија во нашата држава Н.Е. Оцука Казуја. На средбата се разговараше за областите на животната средина што се од заеднички интерес и можностите за развивање на соработката. Министерката Шукова го информираше амбасадорот Казуја за активностите на Министерството и посебно… Прочитај повеќе »

Економски Форум: Отворени сме за соработка и размена на искуства за најдобро применливи технологии

На Економскиот форум посветен на зајакнување на деловните односи меѓу Северна Македонија и Австрија, министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова се обрати пред преставниците на реномираните компаниите од двете држави. Во своето обраќање се осврна на предизвиците во секторот за животна средина и како државата и Министерството за животна средина и просторно… Прочитај повеќе »

Одобрен Планот за управување со Националниот парк „Шар Планина“ за периодот 2022-2031

По долготрајни но плодотворни консултации на експертско ниво, донесен и одобрен е Планот за управување со Националниот парк „Шар Планина“, за периодот 2022-2031 година. Во овој транспарентен процес беа вклучени околу 70 експерти, при што учество земаа околу 30 претставници на различни заинтересирани страни. Планот за управување ќе биде алатка за новото Јавно Претпријатие Национален… Прочитај повеќе »