Yearly Archives: 2023

Шукова: Се грижиме за граѓаните и ги помагаме општините во Полошкиот регион изложени на зачестени поплави

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан и градоначалникот на општина Јегуновце, Димитар Костадиноски, денеска беа во теренска посета на локацијата во селото Туденце, каде што отпочнуваат работите за санација и регулација на коритото на горниот тек на реката Вардар во општина Јегуновце. Во своето обраќање, министерката… Прочитај повеќе »

Одбележани 30 годишнината од стандардизацијата во Република Северна Македонија и 20 години од основањето на Институтот за стандардизација

Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска денеска присуствувaше на 21-та седница на Собранието на Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија. Во поздравното обраќање, Оџаклиеска ја истакна добрата соработка меѓу двете институции, особено во стандардизација на методите за анализа на отпадни и површински води, почва, бучава што ги применува Централната лабораторијата… Прочитај повеќе »

Меѓународната соларна алијанса мобилизира инвестиции во соларна енергија на глобално ниво

Министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова денеска оствари средба со амбасадорот на Индија, Н.Е. Санџаи Рана. На средбата амбасадорот Рана ја пренесе поканата на министерот за животна средина, шуми и климатски промени на Индија, Бупендер Јадав до министерката Шукова за учество наонлајн состанок на министри за животна средина во рамките на Самитот… Прочитај повеќе »