Yearly Archives: 2023

Со доделување на 13 гранта, ЦНВП почнува соработка со локалните заедници од Полошкиот и Мавровскиот регион

Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска денеска присуствувaше на настанот на кој Организацијата за поврзување на природни вредности и луѓе (ЦНВП), потпиша договори со 13 добитници на грантови, во рамки на проектот „Одржливо користење на природните ресурси во Кораб-Коритник, Шара и Албанските Алпи“, кој финансиски е поддржан од фондацијата Фонд за природа Преспа-Охрид… Прочитај повеќе »

Продолжува соработката на МЖСПП со ЕБРД во насока на позитивно влијание врз домашната економија

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова оствари средба со новиот директор на канцеларијата на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД),  Фатих Туркменоглу. На средбата, министерката му посака топло добредојде на Туркменоглу во нашата држава, и изрази задоволство од досегашната успешна соработка и за искажаната  поддршка што ЕБРД и ја дава на… Прочитај повеќе »

Со проектот „Климатска платформа за одржлив развој во Западен Балкан“ ќе се воспостави база на информации и ќе се развиваат капацитетите за климатските промени

МЖСПП во соработка со УНЕП работи на имплементација на целите од Зелениот договор за Западен Балкан во делот на климатските промени. Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, денеска ја отвори воведната работилница за проектот „Климатска платформа за одржлив развој во Западен Балкан“, чија цел е да се воспостави сеопфатна база на информации… Прочитај повеќе »