Yearly Archives: 2021

Соопштение за јавноста 25.05.2021 год.

Во врска со член 2 од Наредбата за ограничување на увозот на супстанциите кои ја осиромашуваат озонската обвивка („Службен Весник на Република Северна Македонија“ бр. 111/21) Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека количината за увоз на супстанции од Прилогот на горенаведената Наредба е ограничен на 16392 кг за 2021 година. Увозот на… Прочитај повеќе »

Заменик министерката Оџаклиеска ја отвори теренската обука за мониторинг и конзервација на Преспанската поточна пастрмка

Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Христина Оџаклиеска денес ја отвори дводневната теренска обука која се одржува во рамки на проектот „Мониторинг и конзервација на ендемската и загрозена пастрмка (Salmo peristericus) во Националниот Парк Пелистер и Преспанскиот регион”. – Обезбедувањето на поволна состојба на зачуваност на видовите и нивните природни живеалишта преставува приоритетна… Прочитај повеќе »

Под мотото „за природата и за луѓето“ одбележан денот на Натура 2000

Денеска, во Едукативниот центар за зачувување на природата во с. Негрево, општина Пехчево се одбележа Европскиот ден на Натура 2000. По отварањето на настанот од страна на Марјана Шушлевска, тим лидер на Програмата за зачувување на природата, поздравно обраќање имаше министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини. „Денес кога го одбележуваме 21ви Мај… Прочитај повеќе »