Yearly Archives: 2020

Заштитата на Шар Планина како можност за одржлив развој

Последната, од трите, консултативни средба со фокусирани целни групи, која се одржа денес беше наменета за претставниците на бизнис заедницата како засегната страната од прогласувањето на Шар Планина за национален парк. Низ конструктивна дискусија се разменија мислења и информации од двете страни, се укажа на концептот и областите кои ги уредува Нацрт законот за прогласување… Прочитај повеќе »

Одржана консултативна средба со градоначалници и претставници на општини и месни заедници од подрачјето кое го опфаќа идниот национален парк Шар Планина

По средбата со граѓанските организации, ова е втора консултативна средба со фокусирани целни групи како дел од процесот на консултации со јавноста по Нацрт-законот за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк. Овие средби и претходат на онлајн јавната расправа која ќе се одржи на 5.11.2020г. во 13 часот на ЗООМ платформата и… Прочитај повеќе »

ИЗВЕСТУВАЊЕ за Јавна расправа по Нацрт- Закон за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк

Министерството за животна средина и просторно планирање Ве поканува да присуствувате на онлајн јавна расправа по Нацрт-Закон за прогласување на дел од Шар Планина за заштитено подрачје во категорија II- Национален парк. Заради неможноста да се спроведе со физичко присуство, Јавната расправа ќе се одржи на ЗООМ електронската платформа, на 5 ноември 2020 година во… Прочитај повеќе »