Yearly Archives: 2019

Макрадули одржа работна средба со делегација на Глобалното партнерство за води

Денеска во Министерството за животна средина и просторно планирање, во рамките на процесот на изготвување на Стратешкиот акционен план за басенот на реката Дрим, заменик министерот Јани Макрадули одржа работна средба со делегација на Глобалното партнерство за води (спроведувач на ГЕФ /УНДП Дримскиот проект) предводена од координаторот Димитрис Фалутсос и националниот координатор на ГЕФ Дримскиот… Прочитај повеќе »

Со акција за подводно чистење на езерото Матка одбележан меѓународниот ден на водите

Денеска, со акција за подводно чистење на езерото Матка, на која присуствуваше и заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, во Скопје беше одбележан светскиот  Ден на водите – 22- ри Март. Притоа, членовите на Спелео-нуркачкиот клуб „Врело“ и Нуркачкиот клуб „Пена“, успешно извадија еден од потопените чамци во езерото, по што… Прочитај повеќе »

Панел сесија: Законските предизвици пред Јавните комунални претпријатија за водоснабдување, собирање и третман на отпадни води

Државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање, Ана Петровска учествуваше во панел сесијата која беше организирана од страна на Здружението на даватели на комунални услуги на Република Северна Македонија, АДКОМ по повод одржувањето на 15-тото Годишно собрание на ова здружение. На настанот кој се одржува денес и утре во Охрид,  учествуваат претставници… Прочитај повеќе »