Yearly Archives: 2019

Прес-конференција на Владата на РСМ: 10 илјади семејства во Тетово, Битола, Кичево и Скопје ќе добијат по 1000 евра за набавка на клима инвертери

(09.10.2019г.) На заедничка прес-конференција, претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини и заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули ја презентираа еколошката мерка за субвенционирање на граѓаните со високоефикасни инвертер клима… Прочитај повеќе »

Се продлабочува соработката со Светскатa Банка во областа на енергетската ефикасност

(09.10.2019 г.) Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини и заменик министерот Јани Макрадули се сретнаа со делегацијата на Светска банка, предводена од директорот на Светска банка за Северна Македонија Марко Мантованели. На состанокот, беше дискутирано за клучните аспекти од новиот проект на Светска Банка “Проект за енергетска ефикасност во јавниот сектор”(PSEEP), кој… Прочитај повеќе »

Напредок на проектот за интегрирано управување со цврст отопад во Полошкиот регион

(09.10.2019г.) Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини учествуваше во работилницата „Управување со цврстиот отпад во Полошкиот Регион, Фаза I“ наменета за градоначалниците од деветте општините од овој регион, која денес се одржа во Тетово. Тема на работилницата беше разгледување на статаусот на реализација на проектот за интегрирано управување со отпад  во Полошкиот… Прочитај повеќе »