Yearly Archives: 2015

Се расчистува коритото на река Пена

(15.08.2015г.) Екипа составена од министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири,  заменик министерот за одбрана Иљми Селами, градоначалничката на општина Тетово, Теута Арифи, претседателот на комисијата за процена на штетите,  Ејуп Алини, директорот на клинички  центар Тетово, Флорин Бесими, претседателот на Советот на општина Тетово, Хисен Џемаили како и други членови од координативното… Прочитај повеќе »

Министерот Изаири и градоначалничката Арифи на координативна средба

(14.08.2015 ) Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири и градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, одржаа состанок на координативното тело за проценка на штетите од поплавите предизвикани од обилните врнежи во Тетово и тетовско. Заедно со работната група, на состанокот присуствуваше и експертски тим од ЕУ составен од Рудолф Де Кром од Холандија,… Прочитај повеќе »

Изаири во обиколка на настраданите локалитети

(14.08.2015) Mинистерот за животна средина и просторно планирање, Нурхан Изаири и денеска излезе на терен и ги посети селата Голема Речица, Мала Речица и Порој. При посетата, Министерот се сретна и разговараше со жителите на селата и се информираше за текот на активностите за отстранување на последиците од неодамнешното невреме.