Yearly Archives: 2014

Изаири: секое засадено дрво значи еден нов прочистувач на воздухот

Mинистерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири и градоначалникот на о. Дебар, Ружди Љата се вклучија во акцијата „Ден на дрвото–засадија својата иднина“ со засадување на садници на местото викано Бадем, близу Дебарското езеро. Поздравувајќи ја еколошката акција  „Ден на дрвото“, која се спроведува низ целата држава и која од година во година… Прочитај повеќе »

Лепиткова засадуваше садници во Кочани

Соња Лепиткова, државен секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање и градоначалникот на о. Кочани, Ратко Димитровски ја поддржаа 14-тата акција „Ден на дрвото-засадија својата иднина“ која годинава се реализираше под мотото „Стоп за катастрофите“. Тие, заедно со локалните жители, засадија садници во дворот на противпожарниот дом  во Кочани.

Заменик министерот Темелковски засадуваше садници во Демир Капија

Заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Стево Темелковски и градоначалникот на о. Демир Капија, Трајче Димитриев се вклучија во акцијата „Ден на дрвото-засадија својата иднина“ со засадување на садници на локацијата Прждево. Со поддршка на локалното население на локацијата беа засадени 40 илјади садници на површина од 10 хектари.